вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 98
home Вести

Хрватска ги отвора границите, но не и за Македонија

Хрватска ги отвора границите, но не и за Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија.

-Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за поминување на граничните премини за државјани од низа земји, за туризам. Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија, наведе Пленковиќ.

Како што кажа тој, листата ќе се проширува во согласност со ситуацијата.