четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 65
home Вести

Хронично болните не можат да добијат рецепти за лекови – дали на здравствениот систем му се случува колапс?

Хронично болните не можат да добијат рецепти за лекови – дали на здравствениот систем му се случува колапс?

Лек од вчера не можат да добија хронични акутни болни кај ниеден матичен лекар, затоа што системот за печатење на рецептите не функционира.

Како што објави весникот Слободен печат, дијабетичари, лица со висок крвен притисок и други хронични болести, не можат да ја набават својата редовна терапија, па матичните лекари се принудени да им кажуваат лекарствата да си ги купат на приватно.

Матични лекари од од повеќе места во Македонија утринава за весникот потврдиле дека од вчера не функционира системот за издавање рецепти и дека никој од Фондот за здравство не ги ни известил до кога ќе трае системскиот проблем.

Претседателката на здружението на приватни матични лекари, д-р Лилија Чолакова-Дервишова потврдува дека голем број поплаки и пријави пристигнале до нејзе од нејзините колеги.

– Не можеме да испечатиме рецепти воопшто, во цела Македонија и да ги услужиме пациентите. Во ФЗОМ не се јавува никој, не знам зошто. Не е проблемот во нашите софтверски програми. Очигледно е до нивниот програм, бидејќи таква порака ни се појавува на компјутерот, дека дефектот е во порталот на Фондот, изјави Чолакова-Дервишова за весникот.

Коронавирус