недела, 28. мај 2023. Вести денес: 70
home Вести

Хронично болните молат за вакцини, македонските граѓани живеат во голем страв поради неспособноста на власта (ФОТО)

Хронично болните молат за вакцини, македонските граѓани живеат во голем страв поради неспособноста на власта (ФОТО)

Додека цел свет ја минува и втората фаза од вакцинирањето, македонските граѓани уште се молат за вакцини.

Ги чекавме премногу долго, а кога мал дел од нив пристигнаа, сега има проблем со редоследот,  лошата организација, привилегиите и недостатокот од вакцини.

Нема вакцини за пациентите со ретки болести, нема вакцини за луѓето кои одат на дијализа, за трансплантираните, за ризичните групи. Дел отидоа во Србија, а оние кои немаа можност за тоа, чекаат во страв. Секој ден им е неизвесен, па со право се револтирани.

Во Македонија нема доволен број вакцини против Ковид 19 и невакцинирани ќе останат повеќе загрозени категории на граѓани, како и разни пациенти.

Тие си ја споделуваат заедничката мака на социјалните мрежи:

Со планот за имунизација против коронавирусот, во првите приоритетни и ризични групи не е предвидено да се вакцинираат ризичните групи пациенти како на пример тие со ретки болести, дијализните пациенти кои секојдневно треба да одат по терапија во одделите за дијализа при нефролошките одделенија низ болниците. Исто така, изоставени се и пациентите на кои им е извршена одредена трансплантација на органи и кои, затоа што имаат ослабнат имунитет треба да се заштитат од било каква инфекција или зараза. 

И Лекарска комора неодамна побара овие категории ризични пациенти да бидат меѓу приоритетните групи за вакцинација против корона вирусот. Но, по се изгледа дека за здравствените власти, мислењата на стручните лица и не се многу важни.

Од друга страна, револтот на граѓаните расте кога гледаат дека приоритетни станаа политичарите од власта, наместо болните за кои вакцината е прашање за живот.

Власта покажа целосна неспособност да се справи со пандемијата, а најголема негрижа покажа со доцната набавка на вакцини, за количина која не е доволна за македонските граѓани, особено за оние најризичните групи.