петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Христовска Угриновска: Погледнете поубаво, во копијата од личната карта што ја објави СДСМ на едната страна има еден број, на другата друг број

Христовска Угриновска: Погледнете поубаво, во копијата од личната карта што ја објави СДСМ на едната страна има еден број, на другата друг број

Новинарката Соња Христовска Угриновска преку статус на Фејсбук пишува во копијата од личната карта што ја објави СДСМ на едната страна има еден број, на другата друг број кој не се совпаѓа.

-До сите проверувачи на валидноста на бугарската лична карта на извесната Даниела Арсовска. Погледнете поубаво. Во копијата од личната карта што ја објави СДСМ на едната страна како број на личната карта стои 646948927 (онаму каде што е фотографијата), а од другата страна стои бројот 6469489279. Разликата е во деветката на крајот. Не знам зошто двата броја се различни, ако некој знае, нека објасни.

Кога на страницата за проверка на бугарското МВР ќе го проверите бројот од првата страна на личната карта, излегува дека документот е валиден. Кога ќе го проверите бројот од втората страна, излегува дека документот е невалиден. Како датум на раѓање ставете 20.12.1979, според матичниот број од објавената лична карта – 7912200192 (таму прво е годината, па месецот, па денот на раѓање)

Темава не е некоја зафрканција и навистина ме интересира зошто двата броја се различни?

Бугарски 24 часа, кога проверувале, го проверувале вториот број на личната карта и објавија дека не е валидна. Некои македонски медиуми го проверија првиот број и објавија дека личната карта е валидна.

Во коментар ќе го ставам линкот од пресот на СДСМ, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Коронавирус