вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 162
home Вести

Христова: Власта само го празни џебот на граѓаните и секое семејство го задолжува со дополнителни 500 евра

Христова: Власта само го празни џебот на граѓаните и секое семејство го задолжува со дополнителни 500 евра

Со ова што го прави власта само го задолжува секое семејство за дополнителни 500 евра или само дополнително им ги празни џебовите на граѓаните и тоа во услови кога се е поскапено, реше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова на собраниската седница за ребаланс на Буџетот за 2021 година.

-Се е поскапено, тргнувајќи од основни намирници, па до даноци, а се воведуваат и нови даноци. Власта зборува за зголемување на плати, вработувања, а економската ситуација никогаш не била полоша, констатираше пратеничката Христова.

Христова укажа дека во сите земји има инвестиции, а Македонија е на дното.

-За кои инвестиции зборувате? За 2020 во Македонија има само 274 милиони евра и е на дно во регионот, Србија има 3,44 милијарди евра, Хрватска има 1,3 милијарди, Албанија е со една милијарда евра. Реализација на капитални инвестиции исто е на катастрофално ниво и заклучно со мај годинава има реализација на само нешто повеќе од 20 проценти од планираните, рече Христова.

Таа кажа дека единствено нешто што е реално е тоа што луѓето заминуваат од Македонија.

-Луѓето заминуваат затоа што не можат да го поминат месецот со ниски плати и високи даноци. Има само низа лаги дека овој ребаланс е продуктивен и развоен, рече Христова.

Коронавирус