четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 130
Во живо

Скопје и денеска блокирано, ВМРО-ДПМНЕ протестира на три локации!

home Вести

Христијан Делев: Кризата во текстилниот сектор е директен производ на лошата политика на новата влада и лошите „реформски закони“

Христијан Делев: Кризата во текстилниот сектор е директен производ на лошата политика на новата влада и лошите „реформски закони“

Уште пред да се донесе законот за минимална плата во неколку наврати предупредував дека ќе дојде до сериозни проблеми во текстилната, кожарската и во други трудо- интензивни дејности. Начинот на зголемување на платите само со измена на закон никогаш и никаде не дал резултат. И тогаш и сега тврдам дека реформите што ги донесе веќе едногодишната влада ќе направат поголем проблем одколку што навидум нешто ќе решат. Економијата е многу комплексна дејност и доколку „визионерот“ кој ги носи реформите не може да ја види големата слика настануваат огромни катастрофи, вели поранешниот заменик министер за економија од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Делев.

-Текстилната индистрија е ценовно осетлива дејност со многу висока конкуренција од далечниот исток. Во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати во директен дијалог со текстилната индустрија и кластери направивме многу реформи. Исто така укинавме многу административни бариери со кои значително је поттикнавме оваа дејност. Следен чекор за кој се надевав дека сегашната влада ќе го прифати од нашата изборна програма е зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашните текстилни компании.Имено, наместо да се притискат сопствениците да исплаќаат минимална плата, со предлог мерки на ВМРО- ДПМНЕ можеше најмалку да се дуплира платата во текстилната индустрија. Ме чуди фактот што никој не ги праша работодавците кои се нивните проблеми и зошто даваат минимална плата. Сакам да појаснам подетално за оние кои не се упатени во оваа проблематика. Платите во текстилната индустрија се ниски заради нискиот степен на продуктивност, застарена технологија и недоволната поддршка на извозот односно насочување на секторот кон производи со повисока додадена вредност. Државата требаше да обезбеди кредити без камати за текстилните фабрики за набавка на опрема, субвенции, полесен пристап до средства за реализација на извозни договори, ослободување од данок за опрема, странски експерти за оперативен менаџмент да ги утврдат “bottle necks” во производствените погони, да ги поттикнат на директни договори со компаниите без посредници од Грција или Германија, да се воспостави поголема контрола на увозот на текстилни производи (најнов тренд во Македонија пресметка на царината во Килограми на директна штета на другите производители и креирање даночна евазија) итн.

Наместо директно адресирање на проблемите, државата удри по компаниите. Затоа ги поддржувам сопствениците во нивната иницијатива до владата за поддршка во делот на придонесите. Ги поддржувам заради фактот што со новите “реформски закони“ им е нанесена огромна штета. Бараат помош бидејќи следната фаза е затворање на фабриките. Нанесената штета и направените грешки мора веднаш да се корегираат. Министерот за Финасии, Премиерот, Вице-Премиерот, Министерката за труд и социјала пред да даваат паушални изјави дека со законот постигнале полн погодок и платите се зголемиле да ги проверат бројките и фактите. Реалноста е дека платите се зголемија во овој сектор како резултат на две странски инвестиции кои ги донесовме во наш мандат и кои сами по себе се специфичен сегмент во текстилната и кожарската индустрија,односно шијат текстилни и кожни седишта за автомобили и како такви не се репер за целата текстилна и кожарска индустрија.

Затоа Владата наместо да ги критикува сопствениците зошто возеле автомобили на кредит, треба вистински да ги сослуша и да им помогне. Имено, со помошта на овие компании ќе се обезбеди иднина и многу повисоки плати во сектор кои вработува повеќе од 35.000 луѓе. Мене ми е жал што истиот проблем за неколку месеци ќе го имаме и во градежништвото и рударството а со непромислениот закон за финансиска поддршка ниту домашните а уште помалку странците ќе ја имаат Македонија во предвид како нивна бизнис дестинација. Во моментот сите земји во опкружувањето се во фаза на ренесанса во делот на странските инвестиции и стапката на раст на економијата. Македонија за жал од лидер во инвестиции, реформи и економски раст сега е на дното од Европа, потенцира Делев.

Коронавирус