сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ХРАНАТА ЌЕ ПОСКАПУВА: Кои производи ќе бидат први на удар?

ХРАНАТА ЌЕ ПОСКАПУВА: Кои производи ќе бидат први на удар?

Храната и натаму ќе поскапува. Лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи ќе бидат први на удар, објавува Сител. Растот на цената на електричната енергија и на горивата, ќе ја подгреат инфлацијата. Државата мора да најде начин да интервенира и да го заштити и онака кревкиот стандард на граѓаните, бараат синдикатите.

Од Синдикатот велат – ако сега потрошувачката кошница за едно 4 члено семејство тешко дека се задоволува, со зголемување на цената на основните производи, стандардот уште повеќе ќе им се намали. Барат зголемување на платите на сите работници, иако сметаат дека покачување на цените, на производите, до сега не е оправдано.

-Состојбата се следи, но за сега не смееме да интервенираме, затоа што сме во избори, велат од Владата. Додаваат дека за сега се е под контрола и нема потреба од загриженoст.

„Додека трае изборниот период владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите. Внимателно ја следиме состојбата и во регионот и Европа и ги уверуваме граѓаните дека нема потреба за загриженост.“ – велат од Владата.

Инфалцијата ќе расте, но ќе биде умерена, смируваат од Народната банка. За колку очекуваат да се зголеми, ќе соопштат почетокот на наредниот месец.

„Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација“ – изјави Ангеловска-Бежоска.

Пред еден месец Стопанската Комора алармираше на бран поскапувања до Нова година. Од Владата тогаш изјавија, дека, ако биде потребно – ќе ги замрзнат цените на основните прехранбени производи.

Коронавирус