вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ХОРОРОТ ПРОДОЛЖУВА: Повторно исчезната штитеничка од домот „Ранка Милановиќ“

Девојчето повеќе пати на вработените во домот им раскажувало за хоророт кој го преживува, а надлежните во конкретниот случај реагира само откако се испостави дека штитеничката е бремена и за случајот почна да се говори во јавноста.
ХОРОРОТ ПРОДОЛЖУВА: Повторно исчезната штитеничка од домот „Ранка Милановиќ“

Скандалите околу поправните домови и домовите за деца без родители не стивнуваат, надлежните молчат, а за наредниот период не се предвидени никакви системски решенија за оваа ранлива категорија на лица.

Ниту директорите на Домовите, ниту пак министерката за труд и социјална политика Мила Царовска не превземаат одговорност за катастрофалната состојба во домовите.

Во  текот на вчерашниот ден штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ е пријавена за исчезната. Според официјални извори од МВР, во полициската станица Гази Баба, вчера во 11 часот раководителката на Домот пријавила дека на 8-ми март штитеничката на Домот со иницијали С.Р. се оддалечила во непознат правец.

Исчезнувањето на штитеничката се случило на 8-ми март, а на раководителката и биле потребни неверојатни 12 дена за да го пријави случајот кај надлежните иако според Законот за исчезнато лице се смета лице кое не се појавило повеќе од 24 часа.

Претходниот ваков случај е уште повеќе загрижувачки бидејќи во конкретниот случај биле потребни речиси три месеци за случајот да биде пријавен во полиција. Се работи за случајот за исчезната малолетна штитеничка на Детскиот Дом „11 Октомври“. Таа се упатила во непознат правец на 21.12.2017 година, а за исчезната била пријавена на 09.03.2018 година од страна на вработен во Јавната установа Центар за социјална работа. За жал, речиси три месеци ниту еден вработен во Домот не успеал да го пријави нејзиното исчезнување.

Сепак иако ваквата неажурност на институциите во случајот со исчезнатите штитеници, оние за кои според Закон се одговорни да се грижат досега ниеден ваков настан не може да се спореди со хоророт кој се случи во Домот „25 Maj“. Имено се започна со сексуално злооставувано 13 годишно девојче кое остана бремено, а подоцна и абортираше.

Според истрагата, штитеничката во декември лани и јануари годинава била принудувана да дава сексуални услуги на поголем број лица. Покрај сексуалната експлоатација таа била принудена да питачи.

И во овој случај како и кај другите на надлежните вклучувајќи ја и полицијата, обвинителството како и ресорното министерство за труд и социјална политика им требало неколку месеци да реагираа иако малолетната жртва била најдена полугола и боса во бесознание на улица во Велес. Девојчето повеќе пати на вработените во домот им раскажувало за хоророт кој го преживува, а надлежните во конкретниот случај реагира само откако се испостави дека штитеничката е бремена и за случајот почна да се говори во јавноста.

Хоророт не заврши тука и подоцна се констатираше бременост уште кај две малолетни штитенички на домот, една на возраст од 17 години и друга на возраст од 15 години.

Приказната за Домот „25 Мај“ продолжува, на 7 март годинава пак беше пронајдено 12 годишно дете штитеник на Домот, во 1 часот по полноќ на улица во Чаир. Малолетното дете било исчезнато неверојатни 6 месеци, а според информациите побегнало поради катастрофалните услови.

Ниту раководителите на домовите, ниту Царовска нема одговор за што се случува во овие установи кои наместо да ги згрижат децата ги оставаат на милост и немилост на улица. Додека првата работа која ја стори Царовска беше донесување на нацрт Стратегија за интеграција на бегалци и странци во Македонија, сеуште не постои никаква стратегија за подобрување на состојбата во домовите и заштитата на оние на кои им е нај потребна.

Коронавирус