сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

Хоџај: Македонија побара поддршка од Косово за спроведување на двојазичноста

Хоџај изрази верување дека Владата на Косово може да обезбеди таква поддршка, во меѓувреме, тој нагласи дека постои политичка волја за да и се обезбеди целосна поддршка на соседната држава. 
Хоџај: Македонија побара поддршка од Косово за спроведување на двојазичноста

Заменик-претседателот на Владата, Енвер Хоџај, на денешната седница на Владата, обелодени дека македонската Влада побара поддршка од Владата на Косово за што епоскора примена на двојазичноста во институциите на Македонија на сите нивоа, информира порталот ЖУРНАЛ на албански јазик.

Ова барање, Владата на Република Македонија го направи врз основа на добрите искуства на Косово во оваа област, уште од поствоениот период, од кога го применувама албанскиот и српски јазик како два официјални јазици, пишува порталот.

-На барање на Владата на  Македонија, сега по официјализирањето на употребата на албанскиот јазик, потребна е поддршка од косовската Влада за да им помогне за на најбрз начин да се примени вдојазичноста во институциите, материјали и други нивоа во Македонија бидејќи Косово има добро искуство уште од после војната, рече Хоџај.

Хоџај изрази верување дека Владата на Косово може да обезбеди таква поддршка, во меѓувреме, тој нагласи дека постои политичка волја за да и се обезбеди целосна поддршка на соседната држава.

Коронавирус