сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството

Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството

По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денеска портпаролот на Владата, Муамет Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.

– Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави, рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.