вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Хоџа: Обично се казнуваат луѓе во администрацијата заради политички причини

Хоџа: Обично се казнуваат луѓе во администрацијата заради политички причини

Во емисијата „Тренд Анализа“ на ТВ 24 во која се зборуваше за пребројување во редовите на администрацијата- кој и под какви услови државната канцеларија и плата ќе ги замени со работа во приватниот сектор гостуваше Неби Хоџа, претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија, кој кажа дека кога станува збор за казнување обично се казнуваат луѓе кои се политички неподобни или имаат некоја позадина која им пречи на работодавачот или на раководителот на институцијата.

Имено, тој кажа дека владата и министерството за информатичко општество треба посебно да биде претпазливо затоа што, како што потенцираше Хоџа, има луѓе кои што придонесуваат за работата на институцијата, но намерно се спречувани да напредуваат и тоа има политичка позадина.