четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Хибридниот режим на Заев ја заглави Македонија во корупција до гуша

Хибридниот режим на Заев ја заглави Македонија во корупција до гуша

Откако пред само неколкиу дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на историски најлошото 111-то место според индексот на корупција, сега и „Економист“ објави ранг листа за индексот на демократија на која Македонија се најде на поразителното 78-место класифицирана како хибриден режим.

Ваквото рангирање на земјата од страна на угледниот магазин „Економист“ и катастофалното рангирање според „Транспаренси интернешнл“ се уште една потврда за нефункционалноста на системот и уште еден одговор за тоа зошто земјата не добила датум за преговори.

Тоа што паѓа во очи е дека од 2016 до 2020 бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6, а исто од 2014 кога сме биле на 64-тата позиција наваму се бележи постојан пад и според индексот на корупција за годинава да се најдеме на 111 место.

Интересно е тоа што периодот во кој се бележи пад, помалку или повеќе се поклопува со периодот во кој СДСМ е на власт и тоа е уште еден доказ дека оваа Влада предводена од Зоран Заев освен декларативно изразена политичка волја не донесе никакви резултати туку само уназадување на секое поле.

За ова на Фејсбук реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој дијагнозата на ваквата состојба ја нарече мафија.

„Ако според Транспаренси Интерационал сме една од најкорумпираните држави во Европа во групата со Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Гамбија, според Индексот за демократија сме хибриден режим заедно со Ел Салвадор, Украина, Бангладеш.

Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот! Ќе победиме, затоа што друг избор нема Македонија!“, напиша меѓу другото Мицкоски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија