среда, 22. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

Херојот Марко од Охрид со нов предизвик за децата со ретки болести (ВИДЕО)

Херојот Марко од Охрид со нов предизвик за децата со ретки болести (ВИДЕО)

3-годишниот Марко Пејчиновски од Охрид е нова дефиниција за храброст. Иако боледува од инфаркт на коската на долните екстремитети тоа не го спречува да го реализира сопствениот сон. На почетокот не му било сеедно кога слушнал за здравствениот проблем и постојано размислувал за денот кога ќе оздрави и повторно ќе може да трача бидејќи пораснал изграјќи топка, но Марко е борец и не се откажува. Откако на 28 август го преплива Охридското Езеро, овој пат се подготвува да плива на подолга патека за децата со ретки болести. Тоа е неговиот следен подвиг и начин да им се помогне на оваа категорија на деца, пишува во својата сторија телевизија Сител.

Младиот Марко вели дека додека плива му навираат мисли тогаш ги донесува и одлуките за неговиот следен потфат.

Тој е скромен но храбар осмооделенец во иднина има амбиција да стане професионален пливач па дури и да го преплива Ла Манш.

Точко од Црвениот крст вели дека амбицијата и желбата на едно 13 годишно дете да направи ваков потик е мотивација за сите луѓе да знааат дека со упорност желба и страст може да се успее.

Инаку денеска на градскиот плоштад во Охрид се организираше хуманитарна продажна акција а дел од средствата собрани ќе бидат наменети за помош во реализација на новиот спортски потфат на нашиот херој Марко Пејчиновски.