недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Вести

Херојот Марко најави нов предизвик

Херојот Марко најави нов предизвик

Младата охридска спортска ѕвезда Марко Пејчиновски го најави својот нов подвиг планиран за 28. август на празникот Голема Богородица. Марко одлучи да го плива триаголникот Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид во Охридското езеро, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести!

„После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажувам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид“ – напиша Марко на својот фејсбук профил, притоа осврнувајќи се и на својата мајка која, онака мајчински, ја очекуваат нови моменти под трема и притисок додека Марко не стигне на целта.

„Поздрав од мама, ве чекат на нервно, со сок и чоколадо, без гаранција дека ќе ве познајт“.

13-годишниот Марко Пејчиновски, минатата година за девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница, што го сместува меѓу легендите на пливачкиот спорт. Успехот на Марко е дотолку поголем ако се има предвид дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.