вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 123
home Вести

Хеликоптерот кој се урна бил на ремонт пред три години во Воздухопловен институт во Србија кој никогаш не правел ремонти на Ми-17

Хеликоптерот кој се урна бил на ремонт пред три години во Воздухопловен институт во Србија кој никогаш не правел ремонти на Ми-17

Утрово во 11,30 часот на скопскиот аеродром, веднаш по полетувањето падна хелокоптерот со пет лица внатре.

Полесно беше повреден само еден од пилотите на леталото. За причините за несреќата допрва ќе се истражува.

Се претпоставува дека една од можните причини бил и силниот ветер. На местото на несреќата интервенирало противпожарно возило.

Пожарникарите спречиле избувнување пожар од превртениот хеликоптер, а веднаш по ова јавноста се запраша за безбедноста на македонските хеликоптери во сопственост на МВР.

Имено хеликоптерите од марката Ми-17 кои чинат некаде околу 20 милиони евра поединечно, а нивните ремонти се прават на секои 10 години последен пат биле на ремонт во 2017 година кога во тоа време министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски.

Нивниот ремонт привлече внимание уште истата година кога во медиумите се појавија и детали за воздухопловниот институт „Мома Станојловиќ“ во Батајница во соседна Србија кој дотогаш не не работел ремонт на овој вид на хеликоптери пред македонските.

Дали поради неодговорноста на одредени луѓе и нечии интереси се става во опасност безбедноста на луѓето во овие хеликоптери кои биле ремонтирани во институт кој за прв пат тоа го правел е нејасно.

Инаку Македонија воените хеликоптери досега ги ремонтираше во Литванија, Унгарија и Хрватска тоа го прават во Русија,Босна и Херцеговина тоа го прави во Украина, додека Бугарија самостојно врши ремонт.

Коронавирус