среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 49
home Вести

Хеликоптер на АРМ интервенираше, дождот помогна за локализирање на пожарот на Галичица, еве каква е состојбата таму

Хеликоптер на АРМ интервенираше, дождот помогна за локализирање на пожарот на Галичица, еве каква е состојбата таму

Пожарот на планината Галичица после интервенцијата на хеликоптерот на АРМ и временските услови (попладнето повремено  врнеше слаб дожд) во најголем процент е локализиран. Се забележуваат уште три помали жаришта каде што се уште чади, но се проценува дека во текот на ноќта не би требало да предизвикаат поголеми проблеми, информираат од ЦУК.

Во текот на утрешниот ден, рано наутро  екипа од околу четириесетина лица составена од припадници на ТППЕ-Охрид, НП Галичица,  ПО ДЗС-Охрид, ПСС-Охрид и одреден број на волонтери ќе направат целосна проверка на опожарениот простор.

Договорена е целосна логистичка поддршка за дејствување на лицата кои ќе бидат на терен, како и механизација за прочистување на планинските патишта.

-Договорено беше во текот на утрешниот ден да дејствуваат два хеликоптери, меѓутоа поради моменталната состојба со пожарот на Галичица планот е променет и прво ќе се чекаат упатства од екипата која утре изутрина ќе се обиде да го ликвидира пожарот со копнена интервенција. Доколку се појави потреба од интервенција на хеликоптерите, истите ќе бидат активирани, информираат од ЦУК.

Локални избори 2021