среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

He e peaлизиpaнa нитy eднa кaпитaлнa инвecтициja: Пренџов co жecтoкa кpитикa зa бyџeтoт

He e peaлизиpaнa нитy eднa кaпитaлнa инвecтициja: Пренџов co жecтoкa кpитикa зa бyџeтoт

На денешната собраниска седница пратеникот од „Гром” Љупчо Пренџов, говореше за капиталните инвестиции што беа ветени од страна на Власта. Но, како што напомена пратеникот Пренџов, нема ниту проекти, ниту странски инвестиции, ниту економски БУМ, нема ништо.. Со ДДВ-моја апликација не може да се оди напред.

„Во 2017, во 2018 година, во 2019 година извадете стенограми на секој владин функционер во ова Собрание, одговорот му беше, ,,да, знаеме дека нема капитални инвестиции, затоа што ВМРО нема оставено проекти, еве ги работиме проектите, во 2019 ќе бидат сите готови проекти, ќе има економски БУМ, ќе има волку странски инвестиции, ќе има толку странски инвестиции”. Нема ништо! Кај се тие проекти што ги работевте? Нели работевте проекти? Нели тие проекти сега во криза треба да ги пуштиме? Не преку ДДВ-моја апликација 200 денари месечно, туку ни требаат крупни проекти каде што народот ќе работи и ќе заработува. Каде што ќе ја градиме државата во време на криза. Каде што нема да се осеќаат толку многу овие турбуленции. Такви проекти немате. Што значи дека сите владини функционери од 1-ви 2017 година до корона-кризата, се што зборувале овдека, лажеле. Не ја зборувале вистината, но има кој да суди за тоа.” – Изјави Љупчо Пренџов.

Најнови вести

Коронавирус