петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 138
home Вести

Хасани: Загрижувачки е бројот на заразени здравствени работници, тоа е црвен аларм за здравствената и раководна власт

Хасани: Загрижувачки е бројот на заразени здравствени работници, тоа е црвен аларм за здравствената и раководна власт

Директорот на Клиниката за трауматологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, Илир Хасани во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, истакна дека загрижувачка е бројката на заразени здравствени работници со вирусот корона, која во моментот изнесува 117 од вкупно 800 и нешто лица дијагностицирани со Ковид-19.

Тој истакна дека оваа бројка на заболен здравствен персонал е црвен аларм кој што треба да го видат здравствените власти но и извршната власт во насока на превземање на мерки за заштита на здравствени работници, како лица кои се главното оружје во борбата со вирусот.

-Уште на почетокот, кога ме прашавте каква е ситуацијата во Македонија, јас ви кажав дека не е толку добра, алудирајќи на оваа бројка (117 заболени здравствени работници) која што навистина е загрижувачка. Бројките покажуваат дека една десетина(1/10) од заразените лица е здравствен персонал. Загризувачка бројка е, која што треба итно да се ревидира од здравствените власти и од раковорната власт. Тоа е една бројка, еден црвен аларм кој ние треба да го видиме, рече Хасани.

Треба да се инсистира на штедење и заштита здравствените работници, вели директорот Хасани, затоа што социјалниот придонес на инфицирањето на здравствените работници е многу поголем од инфицирањето на пошироката популација.

-Вредноста на животот на еден доктор или здравствен работник не е поголема од вредноста на една друга личност, но, социјалниот импакт во овие моменти е многу голем затоа што од тој доктор се очекува да лекува други пациенти кои што се заразени од вирусот. И ако ние го загубиме ова оружје со кое се бориме, тогаш кој ќе ги лекува нашите граѓани. Јас лично сметам дека ние треба да ги штитиме здравствените работници, рече тој при што додаде дека државата и здравствените власти треба да обезбедат доволна количина заштитна опрема за здравствените работници, истакнувај ќи дека во моментов, во Република Македонија има доволно заштитна опрема, за која не се знае во иднина дали ќе бидат доволни тие количини, но засега сме имале доволно.

Хасани исто така потенцираше дека ако Македонија не добие помош од надвор, воглавно од ЕУ, тешко дека ќе може да се справи со здравствената криза но и со економската.

Локални избори 2021