недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Хаотично рочиште за „ТНТ“: Судијата скратува говори на одбраната, нема увид во списи и докази, записничарка опоменува адвокат

-Рушењето на Космос не било извршено незаконски. По утврдените неправилности се пристапило кон рушење. Дека рушењето било законско потврдиле и управните и инспекциските органи, рече адвокатот Зиков.
Хаотично рочиште за „ТНТ“: Судијата скратува говори на одбраната, нема увид во списи и докази, записничарка опоменува адвокат

Судот во недостаток на аргументи на СЈО ги ограничува воведните говори на одбраната на обвинетите во предметот „ТНТ“ каде обвинети се Никола Груевски,  Миле Јанакиески и Тони Трајковски за рушењето на дивоградбата на Фијат Цановски, наречена „Космос“.  На денешното рочиште судијата  Огнен Ставрев  ги огранични воведните зборови на Никола Груевски и дозволи само 5 минутно обраќање на поранешниот премиер.

Судијата Ставрев ги ограничи воведните говори на одбраната во случајот „ТНТ“ на 5 минути. Тој рече дека тоа е во интерес на судската постапка. На  тоа реагираше Никола Груевски, кој рече дека не знаел дека има ограничување во говорите на одбраната.

– Не знаевме дека ќе има ограничување во излагањата односно само 5 минути за воведните говори, рече тој.

Неколку пати записничарката, која едвај  стигнуваше да ги запише зборовите на адвокатот Дангов, почна да го опоменува адвокатот кој брзаше во својот воведен говор за да не му истечат 5-те минути.

Одбраната е дополнително хендикепирана бидејќи нема увид во списите и на доказите во обвинителниот акт што биле доставени на судот од страна на СЈО. 137 докази не се доставени на одбраната.

– Ние уште од мината година побаравме увид на списите и препис на истите но барањето беше одбиено. Затоа изјавувам дека одбраната е хендикепирана да даде адекватни  воведни говори, рече адвокатката Татјана Поповска.

На ова се надоврза и адвокатот Дончо Наков кој рече дека е хендикепиран да даде воведен говор бидејќи во обвинителниот акт недостасуваат 6 докази кои се директно поврзани со обвинетите.

– Еве господине Судија ако ги имате тие докази изведете ги пред судот. Но ги немате. Затоа велам дека не сум во можност да дадам воведен говор, рече Наков.

Адвокатите на Груевски, Стерјо Зиков и Димитар Дангов, констатираа дека објектот е срушен законски.

-Рушењето на Космос не било извршено незаконски. По утврдените неправилности се пристапило кон рушење. Дека рушењето било законско потврдиле и управните и инспекциските органи, рече адвокатот Зиков.

Зиков дополнително кажа дека ќе ги оспорат доказите кои произлегуваат од прислушуваните разговори, бидејќи претходно Кривичен совет на овој суд одлучил дека се незаконски.

-Дали можеби обвинителството со некоја намера го затрупа судот и одбраната со огромен број на докази од кои дел не се релевантни. Тоа се познати тактики за одвлекување на вниманието, рече Зиков.

Коронавирус