четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 129
home Вести

Хаосот најголем сојузник на Заев: Ја победил короната, невработеноста се намалила, не објасни од каде 40.000 невработени

Хаосот најголем сојузник на Заев: Ја победил короната, невработеноста се намалила, не објасни од каде 40.000 невработени

Рецесија, сиромаштија, зголемени даноци, 40.000  нови невработени – дел од реалната слика во државата.

Македонија е на дното на листата на земји по економска активност, поради корона  пандемијата и лошото менаџирање со кризата. Економските експерти велат дека рецесијата се должи на недоволното вбризгување на пари во стопанството, немање соодветни мерки за справување со отпуштањето на вработените и ефикасни мерки за помош во реалниот сектор. Сето ова го потврдува и Државниот завод за статистика од каде пак соопштуваат дека БДП има пад од -12, 7 проценти во вториот квартал од годинава, пад каков што немало никогаш во поновата историја на државата.

Наспроти изјавите на економските експерти, Статистика и други релевантни институции, вчера премиерот Зоран Заев при своето обраќање по повод  Денот на независноста нагласи дека власта одлично се справила со корона кризата и дека нема економски последици врз државата. Односно, нема отпуштање на работници, нема сиромаштија.

-Освен грижата да се зачува најскапоценото, здравјето на граѓаните, во справувањето со оваа криза спроведовме и низа економски мерки. Мерки со кои се обезбеди егзистенцијата за голем број граѓани, се зачуваа работните места и се одржуваше кондицијата на економијата. Владата продолжува со нови антикризни мерки да ги поддржува ранливите категории граѓани и најпогодените економски сектори, рече Заев вчера при своето обраќање по повод 8-ми септември.

Освен тоа Заев вети дека економијата ќе продолжи во правецот кон кој се движи, и ќе се обезбедат поголеми плати и пензии.

-Создаваме рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ. Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста, нагласи Заев.

Според премиерот, во Македонија нема рецесија, нема енормен пад на БДП. Ги демантираше и извештаите на „Македонија2025“, „FinanceThink“, ДЗС. А, кои наспроти неговите изјави, невладината „Македонија2025“ во својата економска проекција и анализа на состојбите и економските текови проценува дека падот во вториот квартал на индустриското производство само за два месеци од вториот квартал е -30.2% кој што тренд вели дека е очекуван негативен заради интензитетот на економските активности. Додека пак новиот извештај на „Finance Think“ вели дека со затворањето на економијата е предизвикана најдлабоката идуцирана рецесија на македонската економија.

И кога на сите извештаи се додаде и буџетската дупка која изнесува 5 милијари евра, а само за последните три месеци е зголемена за над 6 милијарди евра, а власта непрекинато продолжува со несуштински ветувања за следниот период кои само ќе го зголемат јавниот долг. Македонија веќе е втурната длабоко во рецесија која ќе трае долг период, за разлика од земјите од регионот чии стратегии за економско оправување и дејствување се веќе во полн ек. Власта во Македонија со своите економските мерки и дејствувањата за спас на стопанството до сега беа недоволни, нивните мерки единствено што оставија илјадници луѓе без основни приходи.

Додека премиерот на еден од најважните денови на нашата држава манипулира за економската состојба, секој ден односно секој час остануваат десетина граѓани на улица, односно избркани од работа. А, сето тоа се должи на лошото справување со  корона кризата, како и лошите или недоволните економски мерки кои што наместо да  помогнат на стопанството, тие беа популистички, ненавремени и недоволни за да помогнат на компаниите.

Коронавирус