недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Хаосот на Филипче излегува од контрола- ќе одговара ли некој за сето тоа?

Хаосот на Филипче излегува од контрола- ќе одговара ли некој за сето тоа?

Буквално вистински хаос денеска завладеа во Македонија откако министерот за здравство рано утрово откри дека директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска е четвртиот заразен од коронавирусот во Македонија.

Имено, Нина Цаца Билјановска неодамна се вратила од Италија каде била на скијање, а тоа се потврдува и преку фотографии на социјалните мрежи.

Филипче кој е познат во јавноста по делење на тендери на директори, овој пат наместо тоа започна да шири болести преку нив.

Директорката инаку две недели била надвор од Македонија, а откако се вратила на работното место била во допир со пациенти, држела семинари на дерматолози, а за сето тоа време таа имала коронавирус во себе. Била и на осмомартовска забава во скопска Рагуза.

Поради овој факт речиси и да постои можност поради нејзина невнимателност да се создаде епидемија во земјава.

Јавноста на големо бара и одговорност и од министерот и од директорката поради несовесно работење.

Директорката инаку е сестра на судијката блиска до власта, Маргарита Цаца Николовска која е позната по тоа што секогаш ги брани ставовите на СДСМ.

Докторот Ненад Лазаров  денеска на својот Фејсбук профил сподели неколку статуси во врска со директорката на клиниката за кожни болести која е четвртиот заразен од коронавирус во Македонија.

Имено тој во еден од статусите напиша дека неа ја пријавиле колеги кои на истите им се заканила!

И тоа колеги ја пријавиле, не сама!
Па уште и претела со откази…
Министер, ја смени веќе нели?

Тој ја прашува неа и дали во саботата била на дерматовенеролошки симпозиум во еден скопски ресторан?

Беше ли директорката на дерматовенеролошки симпозиум во Рагуза во Саботата?
За едно 100тина кожни лекари прашувам дали треба да се у карантин?

Инаку Клиниката за кожни болести ќе биде целосно затворена, севкупниот персонал ќе треба да остане во двенеделна домашна изолација, а пациентите се веќе пуштени дома, велат од Министерството за здравство.

Одлуката доаѓа откако тестот за коронавирус на директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, бил позитивен.

Во моментов во Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, чија задача е да ги подготват просториите за дезинфекција. Клиниката ќе остане затворена во следните две недели, објавува 360 степени.

За пациентите се смета дека можат да го продолжат лекувањето и во домашни услови.

Министерот Венко Филипче, на прес-конференција, соопшти дека се идентификуваат сите лица со кои лекарката контактирала во изминатите пет дена, било да се работи за семејство, пријатели, колеги или пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче кој денеска откри дека директорката на клиниката за кожни болести во Скопје е заразена со коронавирусот, пред една година на својот Фејсбук профил споделил видео од истата директорка кое за жал го избриша откако јавноста се потсети на истото.

Во истото таа вели дека пациентите се пред сѐ.

-„Пациентите пред сѐ! Тоа е моето основно мото и желба во која најголем дел од животот сум инвестирала“, вели д-р Нина Цаца Билјановска (Nina Caca Biljanovska), дерматовенеролог и докторка на медицински науки, која во моментов е актуелна медицинска директорка на Клиниката за Дерматовенерологија во Скопје.

Покрај извршувањето на нејзината директорска дејност, таа сѐ уште ја извршува и здравствената дејност. Понеделник и четврток се двата дена во неделата, кои ги посветува на пациентите, стоше во неговиот пост на Фејбсук уште пред една година.

за жал од видеото јавноста може само да ја види оваа фотографија направена од истото.

Коронавирус