среда, 25. април 2018. Вести денес: 36
home Вести

Хаос во образованието, ужас во студентските домови, тепачки по училиштата, стотици просветни работници ги загубија работните места

Хаос во образованието, ужас во студентските домови, тепачки по училиштата, стотици просветни работници ги загубија работните места

Ученик во основно училиште во Битола денека бил нападнат од хигиеничарот по што се здобил со тешки телесни повреди.

Додека ученикот го чекал својот наставник, турнал лименка од прозорецот, кога хигиеничарот почнал да му вика и да бара да ја фрли во кантата за отпадоци. Поради тоа што не го послушал, ученикот најпрво бил турнат по скали, а потоа се здобил со повеќе удари во лицето.

Ова не е изолиран инцидент во македонските училишта во изминатиот период.

Едно девојче во минатата недела беше брутално претепано во училишниот двор во неготинско основно училиште од две соученички, а видео од тепачката беше објавено на Јутјуб. Според неофицијални информации се работи за малолетници со проблематично минато за чии проблеми надлежните во училиштето биле свесни, но не реагирале навреме.

Професор од Гостивар исто така бил претепан, а според градоначалникот на таа општина, Арбен Таравари напаѓачите се симпатезери на ДУИ. Професорот заврши на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. Друг професор исто така бил жртва на овој напад, но се здобил со полесни телесни повреди.

-Замислете бандити на ДУИ физички нападнале, како тоа што се случува во Куманово и во Скопје, денеска се случи во Гостивар. Двајца професори кои што работат како редовни професори во гимназија во Гостивар, се нападнати со ладно оружје. Едниот од нив моментално се наоѓа на хирургија. Замислете со каква мафија се соочуваме во Гостивар, рече Таравари по инцидентот во гимназијата.

Во изминативе шест месеци се случија низа тепачки во кои имаше и малолетници со убодни рани од нож и тешки телесни последици. Пред неполни два месеци на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ беше донесено малолетно лице со убод од нож во пределот на ногата од страна на непознат сторител пред училиште во Шуто Оризари.

По локалните големата тепачка се случи и во кругот на општинското средно економско училиште-Гостивар. Тогаш во  физичката пресметка учествуваа повеќе од дваесетина лица, меѓу кои повеќето биле ученици. Двете групи се степале со клоци и тупаници, а користен бил и нож.

Од хаосот во образованието не се поштедени ниту студентите. Студентските домови како никогаш досега се наоѓаат во катастрофална состојба.

Во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје повеќе од еден месец нема топла вода. Студентите потенцираат дека никогаш досега не се случило толку долг период студентскиот дом да остане без топла вода. Ниту состојбата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ не е е подобра, бидејќи веќе подолг период лифтовите во домот се вон употреба, а иако се сертифицирани се уште не се сервисирани.

За немањето топла вода и неисправните лифтови во студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“, за Државнот студентски центар „Скопје“ виновна е претходната власт.

Оттаму велат дека немањето топла вода во изминатите неколку месеци, и несервисирањето на лифтовите е производ на долгогодишно занемарување на просториите и воопшто на потребите на студентите.

-Состојбата во студентските домови наследена од претходната власт е катастрофална. Таа е производ на долгогодишно занемарување на просториите и воопшто на потребите на студентите. По доаѓањето она функција на новиот директор, Дарио Николовски, започната е темелна анализ за тоа кои се клучните проблеми и каде најитно трба да се интервенира. Основна цел е да се идентификуваат реалните потреби на студентите и нивните приоритети и да се започне со решавање на проблемите, велат од ДСЦ за Курир.

Во студентскиот дом „Стив Наумов“ покрај проблемот со топлата вода студентите се загрижени и за својата безбедност бидејќи во повеќе наврати непознати лица во раните утрински часови се обиделе да влезат во собите каде што спијат студентите.

ДСЦ овие наводи ги смета за неточни, бидејќи, како што велат, овој случај официјално не е евидентиран, ниту пријавен во полиција. Сепак, во коментарите на Фејсбук може да се забележи дека студентите ја контактирале управничката, која пак им рекла дека нема што да направи за оваа ситуација.

Покрај сите овие проблеми студентите имаат проблем и со храната во која редовно може да пронајдат бубачки, но и отпушоци од цигари.

– Ги повикуваме студентите за секој случај да пријавуваат кај надлежните и веднаш да го известат раководството на домовите како ќе реалгираат соодветно. Симптоматично е тоа што и за двата случаи кои се објавија на социјланите мрежи немаше официјална пријава ниту жалба. Сепак, состојбата знаеме дека е лоша и работиме на подобрување на стандардот за да се превенираат било какви немили настани кои во изминатите години беа секојдневие, велат од ДСЦ.

Покрај сите овие проблеми студентите имаат проблем и со храната во која редовно може да пронајдат бубачки, но и отпушоци од цигари.

Од ДСЦ велат дека случаите со храната не се евидентирани, но додаваат дека сегашните стандарди за хигиена во студентските домови се незадоволително.

-Новото раководство предвидува реконструкции на објектите и на начинот на функционирање на домовите, токму во насока да се обезбедат соодветни услови во кујните, како и подобра хигиена во сите простории. Исто така, ќе има и промени во храната која ја нудат студентските домови како и нивото на контрола на квалитетот кој во моментов воопшто не се прави, велат од ДСЦ.

Наставниците покрај тоа што се жртви на физичко насилство се жртви и на политичкиот реваншизам кој го спроведува министерката Дескоска која во периодот пред празниците од работа отпушти повеќе од 1000 просветни работници од работа.

На просветните работници не им биле продолжени договорите, кои им биле на определено време Сите професори веќе на кои не им беа продолжени договорите биле со повеќегодишно искуство.

Претседателот на самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков вели дека наместо трансформација на работниот однос на неопределено време, професорите останале без работа.

– Се работи по наша проценка за 1.000 луѓе кои по пат на завршување на договорот на одредено време им прекинува тој договор се распишува конкурс и на нивно место се примаат други работници кои немаат ниту еден ден работно искуство или пак имаат неколку месеци работно искуство. Меѓутоа проблем е што на овие луѓе на кои не им се продолжени договорите и не се примаат на конкурс, нема никакви забелешки на нивното работење. Кога би имало некаква причина за несоодветен кадар, неквалитетен кадар, може да имаме разбирање од страна на директорот ако направил таква проценка. Очигледно се работи за нешто друго. Сменети се од локалната самоуправа, сменети се политиките на локално ниво, очигледно е дека се работи за она кој е на власт тој да си прима сопствен кадар, вели Неделков.

Ситуацијата во образованието од ден во ден се влошува, а ужас во студентските домови, тепачките по училиштата и бркањето од работа на квалификуван наставен кадар продолжува.