недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Хаос во министерството за финансии, зградата се распаѓа, Ангеловска и заменичката Елези се расправале преку дописи околу јавните набавки

Хаос во министерството за финансии, зградата се распаѓа, Ангеловска и заменичката Елези се расправале преку дописи околу јавните набавки

Нешто чудно се случува во Министерството за финансии, се редат скандали секој нов ден. По оставката на шефот на кабинет во МФ Олимпија Христова Заевска, за која се слуша дека ќе се сели од државата, сега излегоа во јавноста и дописи со меѓусебни обвинувања помеѓу министерката Нина Ангеловска и заменичката министерка Ширет Елези, во кои заменичката се оградува од јавните набавки.

Очигледно има за што да се расправаат судејќи и по фотографиите кои кружат на интернет, а се однесуваат на лошата состојба во која се наоѓа зградата на МФ. Искршени сијалици, нарушена безбедност бидејќи не работат безбедносните камери, поради неисправни уреди за снимање, неисправност на дел од читачите за влез, ренген за торби кој не е во функција, оштетени прозори и врати итн.

Коронавирус