недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Хаос во Клинички: Закочен сообраќајот пред Ургентен- гужвите, нервозите и расправиите се секојдневна слика (ФОТО)

Хаос во Клинички: Закочен сообраќајот пред Ургентен- гужвите, нервозите и расправиите се секојдневна слика (ФОТО)

Гужвите, нервозите и расправиите се секојдневна слика во најголемиот здравствен комплекс во државата. Денеска, како и секој претходен ден е хаос во скопскиот Клинички центар, а во целост е закочен сообраќајот пред Ургентен центар.

Додека стигнат до лекарот за закажаниот преглед или пак за прием во болница, граѓаните прво мора да се намачат за да најдат паркинг во сообраќајниот хаос, или пак да поминат меѓу паркираните автомобили.

Нормалното движење низ клиниките е отежнато, тротоарите се окупирани со возила, а пациенти бараат слободен простор меѓу автомобилите.

Коронавирус