петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 52
home Вести

Хаос на протест во кумановско: Нападната инспекторка, повреден претседател на месната заедница, еден насилник приведен (ВИДЕО)

Хаос на протест во кумановско: Нападната инспекторка, повреден претседател на месната заедница, еден насилник приведен (ВИДЕО)

Претседателот на месната заедница и инспекторка за животна средина биле жртви на насилници во „Шупли камен“.

Како што дознава КУРИР, за време на протестот бил нападнат прво 52-годишниот Г.С. По завршување на протестот, пак, инспекторка во Државен инспекторат за животна средина била нападната додека си ја вршела работната должност. Освен што насилниците физички ја нападнале, дознаваме дека го искинале и записникот кој таа го направила.

Инспекторката откако извршила увид, констатирала дека не се работи законски, по што била веднаш нападната од лицето кое полицијата го апси во видеото во продолжение, дознава КУРИР.

 

 

Еве што велат од СВР Куманово за овие случувања: 

На 21.08.2019 во 11.00 часот во СВР Куманово, претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, Г.С. (52) пријавил дека за време на протест и блокада на патот во селото Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило.

Според пријавеното, во наведеното време на местото пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот.

Во 20:00 часот во СВР Куманово, Л.З.(57), државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина, пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот, додека вршела службени задачи заедно со водстопански инспектор, по извршениот увид на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициски службеници.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Куманово.