петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Хаос на онкологија: Пациенти со месеци чекаат лек, надлежните велат тендерот е во финална фаза

Хаос на онкологија: Пациенти со месеци чекаат лек, надлежните велат тендерот е во финална фаза

Стотици пациенти, секоe утро го минуваат во скопската клиника за онкологија. Сликата секој ден е иста – редици граѓани чекаат хемотерапија. Кога ходникот e претесен чекаат и надвор, пишува 24 Вести.

„Гужви не прашувај, на скали седат..гужви катастрофални…Многу има болни злато од овој канцер и мора да чекаат по ред. Значи невозможно е ова..“

Рина денеска ја прими првата хемотерапија. Но, голем дел од пациентите кои ја делат нејзината мака и денеска си заминаа разочарани. Лекот што им е неопходен за третирање на канцерот, со месеци не е достапен. Директорот Нино Васев вели станува збор за биолошки лекови кои не се на позитивната листа, а тендерот за набавка тврди е во финална фаза.

„Не враќаме пациенти, туку лекови кои не се на позитивната листа ние немаме обврска да ги имаме, но сега ќе ги имаме преку заедничкиот тендер од министерството за здравство кој е завршен. (значи практично ќе бидат дел од позитивната листа?) Се работи за денови, затоа што тендерот е завршен, чекаме потпишување на договорите, и лековите ќе бидат достапни за пациентите во моментот кога ќе бидат потпишани.“ – вели Нино Васев – директор на Онкологија.

Целата сторија на 24 Вести ТУКА.

Коронавирус