четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 177
home Вести

Хан во Скопје на средби со Пендаровски, Заев и Мицкоски

Хан во Скопје на средби со Пендаровски, Заев и Мицкоски

Реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен на Македонија да и биде одреден датум за почеток на пристапните преговори, ќе биде главна тема на средбите што ќе има денеска во Скопје еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Хан, со државниот врв и со лидерот на опозицијата се очекува да разговара и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

Предвидено е премиерот Заев и комесарот Хан да одржат и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците.

Во посета на земјава утре ќе престојува и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа во Скопје од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас.

Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата. (МИА)

Коронавирус