недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Хан и Могерини следната недела во Скопје

Хан и Могерини следната недела во Скопје

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини следната недела по објавувањето на извештајот на ЕК за Македонија ќе престојуваат во посета на Скопје, потврдија за МИА дипломатски извори.

Еврокомесрот Хан во Скопје ќе пристигне во среда додека Могерини земјава ќе ја посети следниот ден.

Високата претставничка на ЕУ за време на престојот во Скопје ќе се обрати пред пратениците во Собранието на РМ.

Европската Комисија извештајот треба да го објави на 17 април. (МИА)

Коронавирус