сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

Хајруш Авдија од кумановската група има порака за албанските политичари

Хајруш Авдија од кумановската група има порака за албанските политичари

Хајруш Авдија, осуден како учесник во случувањата во кумановоското Диво Насеље, излегол со барање до албанските политички партии и албанската интелигенција да преземат мерки против, како што вели, неправдите што им се прават на него и на неговите другари, пишува новинската агенција ИНА.

– Јас, Хајруш Авдија, член на Кумановската група, го повикувам целиот албански политички спектар и албанската интелигенција да преземат мерки против неправдите што се прават на кумановската група. Иако поминаа 47 месеци во притвор и 1 година и четири месеци по пресудата што ни беше дадена без никаква основа и ниту еден факт, не казнија со драконски казни. Напротив, некои македонски политичари и групата од 27 април што направи Пуч во Собранието на Република Македонија, добија амнестија и беа ослободени иако сè уште не беа осудени. Затоа, го повикувам целиот албански политички спекрар да го кренат својот глас во македонскиот парламент како што се крена за случајот 27-ми април што направи Пуч и некои поранешни високи функционери и пратеници овие новогодишни празници ќе бидат слободни и до нивните семејства, рекол тој, пренесува ИНА.

Најнови вести

Локални избори 2021