вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 105
home Вести

Хајредини: Нека се објави колкава плата зема Дардишта во Телеком и ќе стане јасно за „нејзините чизми на таван“ и борбата за ДУИ

Хајредини: Нека се објави колкава плата зема Дардишта во Телеком и ќе стане јасно за „нејзините чизми на таван“ и борбата за ДУИ

Нека се објави колкава плата зема Шкодране Дардишта во Телеком и ќе стане јасно за „нејзините чизми на таван“, коментира поранешниот министер и еконсомски аналитичар Џевдет Хајредини за објавата на Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ.

Таа, како што објавивме, на Фејсбук се огласи во врска со одењето на ДУИ во опозиција по две децении на власт.

Хајредини, исто така на Фејсбук, ја пренесува нејзината објава со свој коментар:

-Сè уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, порача Дардишта на Фејсбук, гласи објавата на Дардишта, која со П.С. ја коментира Хајредини:

„П.С. Нека се објави колку плата зема како член на Бордот на Телеком и ќе стане јасно зошто се плаши ДУИ да ја изгуби власта“, коменира Хајредини.

Коронавирус