Вчера, во 12.30 часот во хотел на струшката ривиера при контрола од страна на началникот на ОВР Струга Дритај Ајро, командирот на ПС Струга Абдулкерим Камбери, заменик командирот Борче Тодороски и шефот на ДПИ од Струга, заедно со други полициски службеници ги затекнале началниците Ж.Л. и С.С. на СВР Охрид кои во хотелот си терале ручек и кафе-муабет, пишува Инфомакс.
Чорбата и кафето на началниците од СВР Охрид им преседнала, кога нивните претпоставени заедно со претставник на Државниот пазарен инспекторат направиле записник за прекршување на мерките на владата, и непочитување на наредбите, а казна ќе добие и сопственикот на хотелот.