недела, 5. декември 2021. Вести денес: 113
home Вести

ГУЖВИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Еве по колку се чека за влез и излез во државата

ГУЖВИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Еве по колку се чека за влез и излез во државата

На граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е до 15 минути, додека на Табановце за излез се чека околу еден час. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус