недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

Гувернерката на НБРМ контра економските ставови на СДСМ

Гувернерката на НБРМ контра економските ставови на СДСМ

Во годината која изминува општ е впечатокот дека имавме премногу скромна економска година. Единствена каква-таква светла точка беше извозот кој ако го анализираме структурно ќе утврдиме дека бележи раст благодарение на растот на субјектите во ТИРЗ-овите каде во изминатите години влегоа низа странски инвеститори. Економските политики на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ за интензивно привлекување на странски инвеститори кои ќе додадат и квантитативна, но и квалитативна вредност во економијата беше критикувано од СДСМ во годините кога беа опозиција.

СДСМ во тој период тврдеше дека странските инвеститори ги експлотираат македонските работници, а државата од тоа нема никаков бенефит.

„Политиките на привлекување странски инвестиции, темелот на промашените економските политики на Никола Груевски, освен што исцедија милиони евра од Буџетот на Македонија за субвенции и даночни олеснувања не донесоа никаков економски бенефит за граѓаните, за економијата и државата“- велеше СДСМ тогаш.

Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежовска правејќи ретроспектива за годината која изминува на економски план, го истакнува извозот како единствен позитивен момент кој се темели на странските инвестиции од минатите години.

-Ако ги проанализираме податоците за извозот се гледа дека структурните реформи кои се спроведоа во делот на деловното опкружување каде што се постигна позначајно напредување тие даваат резултати. Нас извозот ни расте со солидни стапки во пост кризниот период. Растеме со повисоки стапки од некои земји во регионот на југоисточна Европа. Причината за тоа е влезот на странските директни инвестиции, изјави Бежовска Ангеловска.

-Не само што влегоа странски директни инвестиции, туку тие влегоа во тн разминливи сектори, значи сектори каде што производите се извезуваат. Затоа што тие можеа да влезат и во други сегменти кои што нема да влијаат на извозот. За нас растот на извозот е од клучно значење, бидејќи сме мала економија. Тоа што влегува како странски директни инвестиции создава додадена вредност во нашата економија, во продуктивни сектори кај што произведуваме пософистицирани производи со повисока додадена вредност, што секако е поголема предност за нашиот извоз. Влезот на инвестиции во овој сектор значеше подобрена структура на нашата економија. Затоа е особено важно да продолжи овој тренд за влез на странски директни инвестиции во сегментите што значат повисока додадена вредност, посочи гувернерката на НБРМ.