вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Густа магла на неколку патни правци, возете внимателно

Густа магла на неколку патни правци, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла видливоста е намалена на 50 до 100 метри на патните правци Куманово-Страцин и Групчин-Тетово, и на планинските премини Плетвар и Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус