четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 183
home Вести

Гучев: Економијата страда, гробиштата се шират

Гучев: Економијата страда, гробиштата се шират

Во вечерашниот дневник на ТВ Сител гостуваше професор доктор Зоран Гучев кој кажа дека требало навреме да се обезбедат вакцини за населението и дека е срамно е за Македонија што има власт која има можност пари и време за да набавува мерцедеси и ауди А6 за службени возила, додека нема капацитет да набави навремено вакцини за своето население.

-Пред месец дена наидов на оглас во кој се вели дека за потребите на владата ќе се купат 5 џипа мерцедес од цена 1,5 милион евра, дали е вистина не знам меѓутоа оглас видов.Се плаќат пари на општините кој се нели во долгови се купува ауди А6, А8 , има огромен број на места каде што може да се скрати а да не се осети ништо.Голем е тоа промашај. Требаше да се даде секое средство да вакцини се добијат и требаше на оваа земја, на овие граѓани на нас сите да ни се даде чувство на достоинство во кој можеме да кажеме со дигната глава да јас Македонец, јас граѓанин на оваа земја се гордеам со начинот и со памета на овие што мене ме водат да обезбедам она што треба да обезбедам, појасни Гучев.

Гучев потенцираше дека со неспособноста власта навремено да набави вакцини, економијата страда додека континуирано се зголемува бројот на починати.

-Не ќе ли беше гордост моја и ваша да на Tабановце наместо Вучиќ да му предаде вакцини на Заев, Заев да му предаде на Вучиќ. Не беше ова срам, благодариме на Србија ама требаше обратно да биде. Требаше да докажеме да ние знаеме, да ние предвидовме и да ние разбираме дека вложувањето во вакцините ќе донесе до поголем профит ако зборуваме за пари и до помалку умирања. Вака економијата страда, гробиштата се шират, заврши Гучев.

Локални избори 2021