понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 143
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Вести

Група млади eнтузијасти со волонтерска работа помагаат во изработка на капи, маски и друга медицинска опрема, бидејќи Филипче не им купува

Група млади eнтузијасти со волонтерска работа помагаат во изработка на капи, маски и друга медицинска опрема, бидејќи Филипче не им купува

Пред неколку дена група на млади интузијасти започнаа со иницјатива за изработка на заштитни капи и каљачи за медицинскиот персонал кој се соочува со недостаток на заштитна опрема, во акцијата се приклучија голем број жени, од различни професии, кои искрено и од срце сакаат да помогнат и лично од свои средства шијат капи и каљачи и ги дистрибуираат онаму каде е потребно, се вели во објавата на Фејсбук групата Изработка на капи и каљачи.

Во продолжение можете да ја прочитате целата нивна Фејсбук објава:

Почитувани,
Пред само неколку дена, на 27.03.2020 започнавме со иницијатива да израборуваме дома заштитни капи и каљачи за медицинскиот персонал кој се соочува со недостаток на заштитна опрема, а истовремено се соочени со предизвикот за зачувување на здравјето и животот на граѓаните, како пред тоа, така и за време на актуелната пандемија.

За среќа во акцијата ни се приклучија голем број жени, од различни професии, кои искрено и од срце сакаат да помогнат и лично од свои средства шијат капи и каљачи и ги дистрибуираат онаму каде е потребно.

Голема благодарност до сите овие храбри жени за нивната човечност во овие тешки мигови.

Хуманоста не познава граници, нема бариери.

Се приклучија и жени кои се вешти во шиење на маски.

Се јавија луѓе кои помагаат со дистрибуција.

Секој на свој начин, колку може помага.

До нас стигнуваат голем број барања од здравствени работници од сите институции во државата.

Правиме се што можеме, работиме ден и ноќ , да испорачаме секаде по одредена количина, но ве замолувам за трпение.

Верувајте побарувањето и потребите на здравствените работници се огромни и фабрика да бевме немаше да постигнеме.

Секој што ни се обрати ќе биде исконтактиран и секаде ќе се обидеме да испорачаме одредена количина од изработките.

Само молиме за трпение.

Воедно ги охрабрувам сите оние кои досега не ни се приклучиле, да ни се приклучат, како за побрзо време би испорачале повеќе изработки, секаде каде е потребно.

Коронавирус