сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 54
home Вести

Грујовски и Бошковски излегоа од екстрадициски притвор: Еве ја европската пракса врз основа на која одлучуваше Врховниот суд на Грција

Грујовски и Бошковски излегоа од екстрадициски притвор: Еве ја европската пракса врз основа на која одлучуваше Врховниот суд на Грција

Највисокиот суд во Грција пресече, нема екстрадиција за поранешните функционери во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски бидејки во Македонија нема да им се овозможи фер судење. Тие во притвор во Грција поминаа седум месеци.

Ставот во однос на правното дејство на одлуките за помилување, Европскиот Суд за човекови права (ЕСЧП) го искажал преку примената на Европската конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП) во предметот Lexa v. Slovakia, и според него ефектот од одлуката за помилување не може да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила.

Во случајот Lexa v.Slovakia жалителот се жалел дека неговото гонење по помилувањето не било дозволено според важечкиот словачки закон, па од тие причини неговиот притвор не бил во согласност со закон. Главната поента во спорот била дали кривичната постапка против жалителот била дозволена или не, во поглед на постоењето на различни одлуки за помилување во врска со кривичните дела за кои се товарел во тоа време. Во пресудата, Судот констатира дека Уставот на Словачка не содржел одредби со кои изречно се дозволува претседателската одлука за помилување да биде укината, а Законот за кривична постапка не предвидувале постапката да продолжи кога работата станала res judicata, како резултат на одлуката за помилување.

Судот понатаму забележува дека укинувањето на безусловни мерки за помилување, генерално не е прифатено со праксата и преовладувачкото правно мислење во другите држави потписнички на ЕКЧП и ги нотира законските измени и дополнувања донесени подоцна (како што се преиначувањето на обемот на овластувањата на претседателот за донесување на мерки за одделни помилувања, условувањето на таквите мерки со потпис од страна на Владата итн.) и подоцнежните напори да се укинат претходните одлуки со донесување на уставен закон и заклучува дека гонењето на жалителот по донесување на одлука за помилување не било дозволено.

Со оглед на тоа што во Законот за помилување кој важел во времето кога Претседателот Иванов ги донел одлуките за помилување не била предвидена можност за нивно поништување тие станале конечни, а стекнатите права врз основа на овие одлуки не можат да бидат изменети на штета на лицето за кои се однесуваат што произлегува и од институтот од римското право reformacio in peus. Доколку со дополнително донесените Закон за дополнување на Законот за помилување и Одлуки за поништување на одлуките за помилување, ефектите од помилувањето се анулираат тоа би значело дека истите имаат ретроактивно дејство што е спротивно на член 52 од Уставот на Република Македонија (согласно кој законите и прописите неможат да имаат повратно дејство освен во исклучок кога тоа е поповолно за граѓаните) и што според одлуката на ЕСЧП во случајот Lexa v. Slovakia, претставува повредана на правото на правично судење, заштитено со членот 6 од Конвенцијата.

Коронавирус