петок, 9. јуни 2023. Вести денес: 38
home Вести

Груевски во „Траекторија“ се обвинува за остварување награда изразена во рејтинг

Груевски во „Траекторија“ се обвинува за остварување награда изразена во рејтинг, а во дел од медиумите блиски до СДСМ се изоставува овој дел.
Груевски во „Траекторија“ се обвинува за остварување награда изразена во рејтинг

Поранешниот премиер, Никола Груевски, во случајот „Траекторија“ се терети за градба на автопатите Штип Скопје и Кичево-Охрид, за измислена наводна добивка која не е изразена во пари, туку најверојатно во рејтинг кој обвинителството го толкува како еден вид на добивка која оди на контото на Груевски.

Случајот „Траекторија“  веројатно е еден од најуникатните и најпарадоксалните судски предмети кои се водат во Македонија.

Груевски во „Траекторија“ се обвинува за остварување награда изразена во рејтинг, а во дел од медиумите блиски до СДСМ се изоставува овој дел.

На тој начин тие прават свесна забуна дека станува збор за некаква материјална добивка што воопшто не е точно.

Инаку, фактите говорат дека постапка за градба за која освен Груевски се обвинети и поранешниот вицепремиер Пешевски, министерот Јанакиески и директорот на агенцијата за патишта Горгиевски е чисто законска и обавена низ транспарентна процедура. Со цел да се заштеди, се обезбедило евтин кредит од кинеската влада со само 2 осто камата. За споредба другите банки давале кредит со над 8 осто камата. Постапката се спровела и врз основа на закон донесен во Собранието кој го подржаа и СДСМ и ДУИ.

Се обезбедило и конкуренција во процесот при што меѓусебно надавале две кинески фирми за градба на патиштата со што цената за изведба е и законска и се остварило дополнителна заштеда за државата. Делото за кое се обвинува Груевски е смешно и парадоксално, тоа е остварување на награда.

Овој случај кој е правен апсурд, полека станува и политичка иронија. Груевски се обвинува за автопатите кои ги градел, а токму истите сега стагираат и нивниот процес на градба е речиси целосно закочен и покрај обезбедените средства за градба.