недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија и треба да избере победнички претседател- ВМРО е силно и никој не треба да го потцени

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија и треба да избере победнички претседател- ВМРО е силно и никој не треба да го потцени

Ќе завршам со извинување до сите Вас во партијата и до сите граѓани за сите ненамерно сторени грешки, независно дали биле кон поединци или биле дел од владините или партиски политики, рече Никола Груевски на Конгресот во Валандово.

-Многу работев. Енормно многу. И заедно со мојот тим во раководството на партијата и во владата, со кој заедно ги носевме одлуките, сигурно правевеме и грешки. Јас никогаш не ветив дека нема да имам и некои грешки. За некои денес веќе сме свесни, за некој можеби сеуште не. Како одминува времето дознавам и за некои злоупотреби кои се правеле во време на ВМРО од поединци а за кои не сум бил свесен, и со ова несакам да посочувам поединци, си знаат самите тие кои се, но сакам да подвлечам заради историјата за да биде кажано како важно. Ветив многу работа и резултати, а кој работи тој и греши. Верувам дека новиот претседател и новото раководство како и секој мудар човек, ќе ги продолжат и ќе научат многу од нашите добри практики и работа, но и дека ќе ги избегнат моите и нашите грешки. Така постапува секој мудар наследник, кога доаѓа на важна висока позиција.Тоа не е гаранција дека тој нема да згреши нешто, но претпоставува дека нашето искуство ќе го направи подобар од нас. Јас ќе бидам среќен ако секој мој наследник, било во партијата, било во владата биде поодбар од мене, поуспешен, и направи повеќе од мене за партијата и за Македонија. И да не заборави да остане добар човек. Затоа што власта и моќта честопати го прават човека полош, понервозен, посамозадоволен и помалку толерантен, зијави Груевски.

Јас во иднина, нагласи тој, ќе работам на тоа постојано да станувам подобар човек, но и подобар татко, сопруг, пријател, комшија соработник. И тоа е многу полесно кога не си на висока позиција или власт, а е потешко, но не и невозможно и кога си со голема моќ.

-Победникот мора да има високи морални и човеки квалитети. А ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија, и треба да избере победнички претседател. И верувам дека Вие делегатите ќе донесете правилна одлука со која ВМРО-ДПМНЕ и Македонија ќе одат напред и ќе победуваат. Историјата не ги прави големите луѓе, туку големите луѓе ја прават историјата. ВМРО е силно и никој нетреба да го потцени, а победата на ВМРО ќе биде триумф на народот. Клучот е кон посветеноста кон идеите и верувањата, не само во желбата, туку во целосниот напор за конечна победа. Гордо и достоинствено, со чест и силна верба ВМРО ќе продолжи напред, затоа што ВМРО е најдлабокиот порив во која се содржани најсветите чуства и љубовта на нашиот народ кон својата земја! Се додека опстојува тој столетен оган во идеите и целите на нашата партија, ВМРО ќе остане вистинскиот чувар и тоа цврсто јадро на Македонија. Бидете горди, бидете достоинствени, главата Горе, народот на Македонија зедно со ВМРО ќе оствари триумф. Доаѓаат подобри времиња, ќе се избориме за слободата и за напредок, заклучи Груевски.

Коронавирус