понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 169
home Вести

Груевски: Треба да се донесат мудри и рационални одлуки, ќе се насочиме кон напредна и просперитетна Македонија

Груевски: Треба да се донесат мудри и рационални одлуки, ќе се насочиме кон напредна и просперитетна Македонија

Треба да имаме мирен и транспарентен конгрес, треба да се донесат мудри и рационални одлуки, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Потоа треба да се насочиме кон напредна и просперитетна Македонија, а предуслов за тоа е рушење од власт на нашиот политички опонент, СДСМ. Верувам дека работите ќе одат во добар правец, кусо изјави Груевски пред самиот почеток на Конгресот.

ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре го одржуваат 16-тиот вонреден партиски конгрес во Валандово. Од 17 часот до 19 часот се изврши регистрација на делегати.

Во 19 часот започна Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, при што ќе бидат избрани работните тела, потоа ќе следува интерна дискусија на која што секој делегат може да се пријави, да даде свое согледување за темите за коишто ќе се дебатира.

Она што ќе е најинтересно за јавноста ќе се случува утре кога треба да биде избран новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус