вторник, 21. март 2023. Вести денес: 33
home Вести

Груевски: Судот кон Обвинителството се однесува како мајка, а кон нас како маќеа- ова не доликува на Суд

Груевски: Судот кон Обвинителството се однесува како мајка, а кон нас како маќеа- ова не доликува на Суд

Судот кон обвинителството се однесува како мајка, а кон нас како маќеа. Всушност можам да констатирам дека со едно вакво неприродно целосно менување на судиите кои што треба да судат за случаите од СЈО, практично дефакто се направи специјален суд за нас и очигледно се одбраа личности, судии кои што судењето ќе го тераат на сила со недавање збор, со сечење ако почнете да зборувате, со закани за казни ако нешто искоментирате на вашиот адвокат и навистина судот денеска и во претходните денови не доликува на суд, истакна поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по денешното рочиште за случајот „Тенк“.

-Очигледно судиите како да имаат одлуката во глава донесена однапред и практично брзаат што побрзо да ги завршат рочиштата и да ја соопштат  и можеби еве кон некого да се додворат со таквото брзо и ефикасно осудување на луѓето кои што се нивни политички противници, мислам на тие на кои што им се додворуваат.

Така што, подвлече Груевски, присуствувате повторно на еден таков чин на едно судење кое што не наликува на судење.

-Повторно ни закажаа цела недела судење, иако укажавме дека веќе во таа недела имаме два датуми во кои што имаме судење. Повторно со еден дрзок тон, со една нетрпеливост кон нас, ни беше укажано дека тоа не го интересира судот и дека ќе ни даде нови датуми и практично безмалку цела таа недела мора да бидеме во суд, додека да речеме на Зоран Заев, нашиот политички конкурент, очигледно омилен во овој суд му се даваат рочишта на два месеци а веќе пред да се доближи неговото судење, самиот суд планира дека тоа ќе биде одложено, рече Груевски и додаде:

„Како што можевме вчера да видиме по порталите од некои списоци што излегоа на порталите за роковите. Кога ќе се суди односно на кои судења ќе им треба камера, затоа што законот наложува да има камера на судењета, во судењето на Заев не предвиделе дека треба да има камера. Претпоставуваме од причина што очекуваат дека ќе биде одложено односно веројатно можеби и имаат информација дека ќе биде одложено. Така што кај него судењето оди еднаш во два месеци со планирано одложување кое што или го прават неговите адвокати или го прави обвинителот или самиот суд. Однапред веќе има обмислено причина или барем има информација дека ќе биде одложено и тоа не е никаков проблем. Додека за опозицијата, за нас што сме од опозицијата се закажуваат, секој ден, секоја недела, континуирано со еден пресинг во кој што не ни се дава доволно време да се подготвиме од ден на ден за рачиштата. Станува збор за различни предмети и очигледно се сака во оваа држава со политичките противници да се справуваат на еден ваков недемократски начин, преку судовите, преку притисок кон пратеници кон луѓе кои што се политички противници на СДСМ само со цел да на некој начин на тој начин се наруши репутацијата на опозицијата и СДСМ што подолго да владее а ние да одиме по судови и да се правдаме, да се докажуваме, да објаснуваме за нешто дека не сме виновни кога однапред е јасно дека не сме виновни кога и читајќи го обвинението неможеме да разбереме за што сме обвинети“.

loading...