петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Груевски: Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресметка со политичките неистомисленици

Груевски: Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресметка со политичките неистомисленици

Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресметка со политичките неистомисленици, како и покривање на неработењето на владата, ова денеска во својот Фејсбук статус кој веќе го објавивме и можете да го прочитате ТУКА, го пишува поранешниот премиер на Репубулика Македонија Никола Груевски.

-Последните одмазнички притвори на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои очигледно се притворени само за владата да ја ублажи критиката по моето заминување од земјата и барање политички азил заради политички прогон, со лажни, фабрикувани и непостоечки докази само ја потврдуваат атмосферата во која денес живее Република Македонија. Денес во Република Македонија се живее во услови на репресија од страна на владата, дискриминација, прогон, политички апсења и целосна контрола на владата врз судскиот и обвинителниот систем, вадење и ставање во притвор или затвор според политичките прилики и потреби, пишува Груевски.

Тој додава дека наместо унапредување на судскиот систем, Македонија има уназадување. Судот и обвинителството се користат како политичка алатка на владата заради остварување на своите политички цели и уцени.

-Македонија не смее да остане земја каде владата владее со судскиот систем и каде има политички прогони секој ден. Огромен број луѓе се под политички прогон во Македонија. Тоа мора да запре. Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, но несмее да се дозволи под превезот на оваа цел, актуелната недемократска власт да се пресметува со политичките неистомисленици и да им конструира судски случаи и затворски казни, со цел да може непречено да прави криминал, корупција и распродажба на државните и национални интереси.

Коронавирус