четврток, 22. април 2021. Вести денес: 148
home Вести

Груевски со пораки до кандидатот за претседател: Партијата постои заради државата и нацијата, а не обратно

Груевски со пораки до кандидатот за претседател: Партијата постои заради државата и нацијата, а не обратно

Никола Груевски на денешниот 16. Конгрес, на кој се избира нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по неговата оставка, испрати неколку пораки до кандидатот за претседател на партијата.

-Жалам што е само еден кандидат, и што останатите потенцијални кандидати чии имиња се спомнуваа низ медиумите не се кандидираа. Тоа ќе дадеше поголема тежина на избраниот кандидат, без да се навраќам на деталите околу ова кои беа актуелни деновиве, ќе кажам дека кој и од нив да победеше, доколку добиеше рамен терен за битка, без вмешување однадвор, ќе беше сигурен победник на следните парламентарни избори во Македонија. Сите тие се луѓе со висок капацитет и искуство, неспоредливо над актуелниот поставен марионетски премиер, рече Груевски и додаде:

„Сепак честитајки му на храброста, мотивираноста и одлучноста на кандидатот за претседател на партијата сакам да го потсетам дека тој е кандидат за претседател на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација- Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Тоа е голема чест, но и голема обврска. Тој треба да знае, дека не само заради историјата, туку и заради очекувањата на членството и граѓаните, а пред се македонскиот народ, од него се очекува да има посебен заштитнички однос кон прашањата од национален и државен интерес. Од СДСМ тоа не се очекува, но од ВМРО сите го очекуваат тоа, и ако и двете партии изневерат, последиците ќе бидат најмногу на ВМРО, можеби минимално на СДСМ, а пред се на Македонија. Впрочем, една од основните причини зошто е создадена ВМРО-ДПМНЕ е заштита на македонските национални интересии, интересите на сите граѓани како и нашата држава Република Македонија. Се очекува токму ВМРО да го чува грбот на Македонија и при решение за името. Да помогне на државата, дури и на СДС за што подобро решение, но евентуалното вклучување на ВМРО не смее да е само шминка и да се истера некое решение кое е крајно неповолно- тоа мора да е суштински и заштитнички. И уште нешто: Иако ме обвинуваат дека имало некаково пазарење, потсетувам дека јас 11 години ја водев владата и немало никогаш никаков пазар, ниту пак сега го има. И да не заборави дека партијата постои заради државата и нацијата, а не обратно. Или со други зборови: државата пред се“.

Доколку, рече Груевски, биде избран денес од делегатите на конгресот, од него членството очекува победа и враќање на власт на следните парламентарни избори во Македонија. -Тоа е главниот таргет: победа на парламентарните избори и формирање влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција треба да внимава на државните интереси. Сега во медиумите се актуелни дебати околу реформите за кои само се говори, а ништо не се прави од страна на власта. ВМРО-ДПМНЕ треба да помогне и да ги подржи реформските процеси, ако воопшто започнат и ако се суштински.

-ВМРО историски од секогаш била прозападно ориентирана, освен некои маргинални левичарски структури на организацијата кои класно во 20-тиот век се определувале кон комунизмот. Цело време ориентираноста е кон запад освен во 1924 од тактички причини кон СССР. Од секогаш ВМРО гледала на помош од запад. Денес кога ја имаме таа независноста треба да ја штитиме, но стратешката ориентација секогаш била и треба да остане кон западот, членството во НАТО, ЕУ и стратешкото партнерство со САД, независно што за некои нивни чекори во изминатите години се создаваше чуство на неправда кон ВМРО и Македонија. Таквите работи треба да се решавата низ дијалог со нив, лобирање и дебата, повторно и упорно, но не и со промена на стратешката определба на партијата и државата, истакна Груевски.

Во моментот, подвлече, ВМРО-ДПМНЕ е единствената од поголемите партии која носи независни одлуки за важните прашања, за себе како партија и за државата. -Сите други партии одат во туѓи преставништва за да прашаат каков став да имаат. Јасно е дека ние сме мала земја, и невозможно е да нема влијание од големите сили, но треба да се тежнее независноста да се задржи. Во историската ВМРО, се до убиството на Тодор Александров, ВМРО носи независни одлуки. Тоа не значи дека никој немал влијание на нив, но одлките на крајот ги носеле тие по свое убедување, а не некој друг за нив. По неговото убиство, се менуваат работите. Важно е ВМРО-ДПМНЕ да остане партија која ќе продолжи независно да ги носи одлуките за партијата и за државата.

-Секое ново раководство носи и некои нови политики. Нормално е и ова ново раководство да има промени на некои политики од претходното, но тоа мора да биде во идеолошките рамки на партијата. Она што партијата ја прави партија е идологијата. Таа е арматура на партијата, и штити од рушење на партијата кога ќе дојде земјотрес, а ние сме трусно порачје. Партија без идеологија е како акционерско друштво, кое во првата криза ќе се распадне. Оваа партија поминала низ многу кризи, но она што во тие кризи ја одржало е токму иделогијата, таа арматура која држи и го зачувува јадрото од кое подоцна блеснува како феникс и повторно се издигнува. Не заборавајте го ова. ВМРО-ДПМНЕ може да форира и своја нова доктрина, која ќе се адаптира на современото време, но да внимава да не ја загуби физиономијата на десницата, да се советува со десните партии и да воведе модерни трендови од Европа и од САД. Покрај некои нови политики, секое ново раководство носи и нови луѓе. Тоа треба да се разбере и да се подржи. Јас тоа ќе го почитувам, и ќе дадам се од себе да не се мешам и да не ја опструирам работата на новото раководство. Нес акам да го правам тоа некому, што не сакав да ми го прават мене. Ако јас после толку години на чело на партијата и толку многу успеси под мое водство можам да направам чекор назад, тогаш очекувам и сите други кои досега биле дел од раководствата, а нема да се најдат во новото, да го следат тој пример. Заедничка цел на сите треба да ни е победата на парламентарните избори и враќањето на власт, заради напредок на Македонија и подобар живот за сите. А не личните функции во даден временски период.

Јасно е, потенцираше Груевски, дека значаеен предизвик на партијата ќе биде зајакнување на односите, соработката, довербата и комуникацијата со претставниците на меѓународната заедница. Во тој поглед треба да се охрабри новото раководство.

-Треба сите да сме свесни дека една од слабостите на досегашното раководство беше исклучително лошата и погрешна перцепција на партијата кај Албанците во Македонија. Новото раководство треба да напрви анализа каде погрешивме или направивме превид ние што дозволивме да до тој степен се перцепција кај албанското население негативно ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба да се исправи, особено затоа што непостојат фундаментални причини за тоа. Историски гледно ВМРО имала одлична соработка со Албанците во Македонија и направи многу за нив. Нема причина тоа не е така и во иднина. Важно е новото раководство да продолжи да ја јакне соработката со коалиционите партнери, истакна Груевски и додаде:

„Кажавме јавно дека на последните локални избори имаше масовен поткуп подржан од полицијата, многу притисоци, закани, уцени и заплашувања. И заради тоа ВМРО ДПМНЕ не ги призна изборите, тие се едни од најнедемократските избори во Македонија. Кажавме и дека дел од нашето членство беше разочарано од раководството на партијата и заради тоа не гласаше. Пред два дена централниот комитет го усвои извештајот на работната група за анализа на изборите. Таму се внесени уште поголем број грешки и пропусти на сите, од мене како претседател и ИК, па надолу до ОК, МК и КИМ-овите. Од кадровски одлуки па до грешки во политиките или органзиациско оперативни пропусти. Тој извештај ќе биде од голема корист за новото раководство, уште повеќе што и кандидатот за претседател на партијата беше дел од работната група“.

Сепак, рече тој, морам да издвојам една работа која мора да биде кажана, колку и да боли.

-И во моите средби со кандидатите за градоначалници по изборите, и оние кои победија и оние кои загубија, и во моите средби со претседателите на ОК, и на средбата со група ветерани на партијата, и во писмените матерјали кои пристигнаа од цела Македонија за целите на оваа нализа, провејуваше, да не речам и доминираше зборот предаство. Чуствовото и информациите од сите страни беше дека по подолг временски период, голем број наши функционери, на различни нивоа, од различни мотиви и цели, извршија класично предавство на партијата, и тоа има значаен удел во крајниот резултат. Велам од некои, се разбира не сите, но некои претседатели или членови на МК, претседатели или членови на ОК, поранешни и сегашни државни или партиски функционери, активисти со задача, набљудувачи, итн, заради различни причини направија предаство на партиските интереси. Некои тоа го направија заради влошени односи со кандидатите за градоначалници, и сакајки ним да им наштетат,тие и наштетија на партијата, некои затоа што не биле избрани за кандидати на листи или за градоначалник, некои заради остварување на некој личен интерес од новата власт, некои заради пари и поткуп, некои заради страв да не бидат казнети или избракани од работа, некои заради некоја лутина кон некој претседател на МК, или затоа што му биле звршени 5 работи, ама не му била завршена 6-та која ја замислил, некои заради пазарење за вработување или нешто слично со СДСМ, што во 99 осто случаи нема да се оствари и слични работи, но, крајниот исход е предаство на партијата од голем број поединци на значајни позиции. Се знае точно се, сите и секаде. Со име и презиме. Јасно е ако претседател на МК свикал прв состанок на МК дури на 7-миот ден од кампањата, дека станува збор за свесна пасивизација, а уште повеќе ако другите претседатели на МК кажат какви понуди или закани добиле и ги одбиле за и тие да се пасивизираат во сред кампања. Многу интерни податоци и списоци со информации се најдоа во рацете на нашиот политички противник. Како никогаш до сега. И тоа не е случајно. Откривме и дека СДСМ имале операција со кодно име ВМРО, со претходно добиени списоци на наши членови и функционери по разни основи, и истите биле посетувани во три фази, од јуни до октомври. Ваква провала се случува прв пат во последните 15 години. Новиот претседател и новото раководство несмее да го игнорира ова. Ден порано, треба да превземе енергични мерки за казни и остранување на лицата кои постапиле несоодветно. Ако не го направи тоа, ќе се повтори истото на наредните избори и може пак да ги загубиме. Кој еднаш вака направил, пак ќе направи. Потребно е добро да се проверат сите факти и информации за некој да не настрада по грешка, но потоа треба да се делува без двоумење и одлучно. Исто така потребна е замена на демотивираните и опуштените со мотивирани членови на раководни партиски места.

ВМРО-ДПМНЕ е нападната, рече Груевски. -Таа мора да се бори за своја заштита, но и заштита на секој член кој неправедно и тенденциозно е обвинет и е под политички прогон, независно дали е обичен член или функционер. Новиот претседател треба да знае, дека ако не се бори за своите членови и активисти кога тие се нападнати заради нивната партиска и национална борба, дека другите ќе се плашат да бидат активни и партијата ќе слабее.

Коронавирус