петок, 25. септември 2020. Вести денес: 142
home Вести

Груевски со честитка за Божиќ: Повеќе љубов и помалку омраза да создаваме, Македонија да оди само напред

Груевски со честитка за Божиќ: Повеќе љубов и помалку омраза да создаваме, Македонија да оди само напред

Христос се роди!!! Нека е за многу години Божиќ. Да донесе одлично здравје за секого, многу успеси и радосни моменти, мир и среќа во секој дом, напиша поранешниот лидер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

-Бог да и помогне на Македонија и на секој од нас кои живееме во неа, и оние кои се иселени. Да бидеме помудри и подобри луѓе. Да се помагаме еден со друг повеќе, повеќе љубов и помалку омрза да создаваме.
Македонија да оди напред и да има успеси, како политички така и економски, пишува Груевски.

Коронавирус