четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 69
home Вести

Груевски: Случајот Тенк е фабрикуван и нема никаков доказ против мене

Груевски: Случајот Тенк е фабрикуван и нема никаков доказ против мене

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски во завршните зборови за случајот „Тенк“, посочи дека во предметот е обвинет за сакање.

-Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон, истакна Груевски.

Груевски истакна дека се работи за фабрикуван случај. Не искористувал никакво реално влијание или службена положба за да бара некој трет да превзема службени дејствија што не смее да ги изврши, со цел набавка на ново блиндирано патничко моторно возило како луксузно возило, за да наводно Груевски да го користи.

-Од ниту еден доказ изведен од обвинителството, ниту од така наречените аудио снимки, за наводни мои разговори со трети лица, чија автентичност, вистинитост и целовитост ја осорувам, произлегува дека:

-Не сум барал спроведување на јавна набавка на ново блиндирано патничко моторно возило како луксузно возило,

-Не сум барал фаворизирање на економскиот оператор Мак Ауто Стар како генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката Мерцедес во РМ,

-Не сум барал од некого тој да поттикнува други лица при вршење на јавна набавка, незаконски да биде повластен економскиот оператор Мак Ауто стар,

-Не сум барал да се набави блиндирано патничко возило со ознаки Мерцедес модел С 600 Гард, за да од тоа барање Мак ауто стар стекне корист со доделување на договор за купопродажба во износ од проценета вредност на набавката од 30.750.000 денари без ДДВ,

-Не сум барал во постапка за јавна набавка овој економски оператор да нема конкуренција и да се фаворизира истиот,

-Не сум барал други економски оператори да немаат можност да дадат понуди со други спецификации кои се еквивалентни,

-Јас не сум можел да вршам нерационално користење на буџетски средства,

-Неразбирлива е констатацијата дека набавката на такво возило е вонредно скапо, бидејки одлука за вредноста на набавката не донесува ПВРМ, а средствата за набавка на вакво возило се утврдуваат согласно законот за буџет.

-Никогаш наведеното возило не било дадено на исклучиво користење за превоз на Претседателот на владата на РМ, а повременото користење не е последица на нечии лични желби на поединец туку на прописи-уредба донесена на влада а по предлог на МВР, според кои постапува МВР како државен орган, идтѕакна Груевски.

Тој додаде дека ниту во изведените докази за кои што се тврди дека преставуваат наводни аудио снимки помеѓу мене со некои трети лица, ниту во било кои докази не произлегува дека побарал од Гордана Јанкуловска да се изврши службено десјствие што не би требало да се изврши и тоа да се изврши јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патнчко возило од марката Мерцедес модел С 600 Гард така што во постапката да се фаворизира економскиот оператор МАК АУТОСТАР Дооел Скопје-генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката Мерцедес во РМ.