вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 72
home Вести

Груевски: Сите сведоци дури и вештите лица сведочеа во корист на одбраната

Груевски: Сите сведоци дури и вештите лица сведочеа во корист на одбраната

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски во завршните зборови од случајот Тенк пред судот нагласи дека од денешен аспект после изведувањето на доказите и сведочењето на сведоците, стана јасно, дека дури и под претпоставка да сакал да ја фаворизира фирмата Мак ауто стар, не можел бидејќи Законот за заштита на конкуренцијата (ЗЗК) не дозволува ексклузивитет на една фирма за увоз на одредена марка возило.

Тој додаде дека пред овој судски совет да донесе одлука, нека провери добро дали има некој сведок, или материјален доказ, или било каков доказ, од кој јасно произлегува дека Груевски побарал, изговорил име или потпишал документ со име на економскиот оператор МАк ауто стар Скопје, или марката на возилото кои МВР ги набавило Мерцедес С 600 Гард. Такво нешто нема.

-Сум посетил стотици и стотици села и градови низ Македонија, и низ дискусии со граѓани, со претставници на компании, професионалци од разни области, сум предлагал многу проекти и набавки, при што секогаш се подразбирало дека тоа мора да се спроведе само и исклучиво законски, и надвор е од здрав разум да предлагам или барам моите предлози да се спроведуваат незаконски. Се разбира ако од стручните служби некој укажел дека нешто од тоа е незаконско, веднаш сме отстапувале од идејата, изјави Груевски.