недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: Се води хајка против мене зашто силно се борев проблемот со името да не се реши по терк на соседите

Груевски: Се води хајка против мене зашто силно се борев проблемот со името да не се реши по терк на соседите

Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Телевизија Сител вели дека сите случаи кои се водат против него се дел од поголема хајка која има повеќе цели.

-Едната цел е како премиер кој силно се бореше за недозволување, проблемот со името и со националните прашања да се решат по терк на нашите соседи. Да бидам оцрнет, да бидам понижен, да бидам омаловажен, и на некој начин да не може да се прави компарација меѓу моето делување и делувањето сега. Односно кога ќе се прави, да се рече „па добро, тој е осуден“, „тој е обвинет“, „да не правиме сега споредба со него“ итн, вели Груевски.

Според него, втората работа во хајката е дефокусирање на јавноста.

-Има и други цели, но ова се дел од целите кои што сакаат да ги направат рече Груевски.

Коронавирус