недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: СДСМ оди на купување на гласовите на примателите на социјална помош, со зголемување на помошта наместо да им овозможи на луѓето да се вработат

Груевски: СДСМ оди на купување на гласовите на примателите на социјална помош, со зголемување на помошта наместо да им овозможи на луѓето да се вработат

Да, најдобрата социјална политика е политиката на отворање на нови работни места. Оваа реченица е една од постулатите на десничарските влади кои стремат кон политики на пониски даноци, на повеќе работни места, наспроти политиките на левичарските влади кои стремат кон повисоки даноци, за повеќе пари за социјалата, но со негативно влијание за отворање нови вработувања. Оваа реченица стоеше во сите изборни програми на ВМРО-ДПМНЕ од 2006тата до 2016тата, пишува во својот вчерашен статус на Фејсбук почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во својот статус тој пишува дека секогаш бил поддржувач на тоа дека најмногу ќе им се помогне на посиромашните, ако со економските политики се отворат нови работни места, отколку ако со политиките се кочат истите, а на сметка на тоа им се нуди мало зголемување на социјалната помош.

-Најголем дел од луѓето кои примаат социјална помош, не би сакале да ја примаат и да чекаат милост од државата, туку да најдат работа и да заработуваат, се разбира повеќе од колку што е социјалната помош. Токму зголемувањето на социјалната помош, преку зголемувањето на даноците, е популистичка политика, а не рамниот данок како што тврди СДСМ. Ако ние во 11 годишниот период не водевме вакви политики, Македонија веројатно се уште ќе имаше околу 560 илјади вработени, наместо како сега над 740 илјади вработени. На тој начин и тие 180 илјади лица кои во меѓувреме добија работа, заработуваат и се многу посреќни од пред тоа. Ако се одеше по старата политика, денес или ќе беа на социјална помош или ќе беа иселени. Значи политиката на рамен данок помогна, не само да се вработат 180 илјади луѓе повеќе од претходно, туку и да имаат повисоки примања отколку што имале кога примале социјалната помош пред да се вработат, но и се ослободија многу пари во буџетот кои претходно одеа за плаќање социјална помош токму за дел од овие лица, стои во статусот.

Груевски пишува дека тие пари, пак се вложија во правец на отворање нови работни места, независно дали тоа беа за градба на технолошко индустриски развојни зони, или субвенции за инвеститорите во правец да инвестираат во Македонија а не во друга земја, или субвенционирањето на камати на кредити кои го имавме еден период во светската криза, или промоција за привлекување нови инвестиции итн.

-Значи наша цел треба да е, да се намали бројот на социјални случаи, преку отворање нови работни места. Со пониски даноци и повисока конкурентност, ценовна, образовна- поголемо знаење на вработените и невработените, технолошка, продуктивност, и секаква друга. Наместо тоа, СДСМ оди на купување на гласовите на примателите на социјална помош, со зголемување на социјалната помош. А заборава дека најблагодарни ќе му бидат ако им овозможи да се вработат, а не да живеат од социјална помош од буџетот, стои во статусот на Груевски.

Коронавирус