вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 185
home Вести

Груевски: Ова е политички процес- СДСМ те тужи, СДСМ те суди

Груевски: Ова е политички процес- СДСМ те тужи, СДСМ те суди

Како што видовте и денеска Судот продолжи во истиот стил како што тераше и до сега, на сила. Кон нас како обвинети и поданички кон Специјалното јавно обвинителство. Додека на нив во секој момент кога ќе побараат збор им даваше збор, на мене лично речиси целата расправа не ми даде збор. Дури кога протестирав, ми се закани со наводна казна, истакна поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по денешното рочиште за случајот „Тенк“.

-Дури на крајот кога фактички по закон мораше да ме прозве за да се изјаснам за одредени работи, добив збор. Значи јас во моето излагање кажав една работа која што на некој начин беше реплицирање на обвинителот. Дека чувството што го имаме во ова судење по онаа нардоната приказна „Кадија те тужи, кадија те суди“’. Всушност вистинските зборови се СДСМ те тужи, СДСМ те суди и тоа е чувството што го носиме од ова судење, рече Груевски и додаде:

„Повторно денеска како што забележавте се боревме за да ги добиеме основните права. Нешто што во закон е наше право, нешто што ни следува како што е добивање навремен записник односно добивање на ЦД во рок од 24 часа. ЦД од снимката од претходното судење за да можеме да го анализираме и да се подготвиме за следното рочиште. Ни беше дадено ЦД-то на самото рочиште денеска со тон со кој требаше да се заблагодариме дека ни го дале ЦД-то кое што по правило требаше да го добиеме во вторникот, а го добивме директно на денешното судење без да имаме можност да го проучиме тоа“.

Локални избори 2021