понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Груевски: Излегувањето на Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“ се должи на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството

Груевски: Излегувањето на Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“ се должи на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството

Јас како премиер, прв пат дознав дека зетот на пратеничката Лилјана Поповска е притворен од неа лично, три месеци откако бил притворен, на средба во Владата која се одржа по нејзино барање. На таа средба и на неколку други подоцна, пратеничката Поповска бараше од мене, нејзиниот зет да биде ослободен од притвор, напиша поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

-До ден денеска мислам и уверен сум дека иако таа тоа експлицитно не го кажа, излегувањето на пратеничката Лилјана Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“, се должи токму на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството.  Тоа беше мој принцип како премиер и законска обврска, пишува Груевски и додава:

„Од она што го дознав во јавноста подоцна, по доаѓањето на СДСМ на власт и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Кривичниот Суд го прогласи за виновен нејзиниот зет, кого лично не го познавам, ниту се сеќавам на неговото име, лик, ниту можам да тврдам дали е виновен или не. Сепак го поздравувам фактот што по речиси едногодишна апстиненција во јавноста, откако скриена од очите на јавноста го премолче штетниот договор со Бугарија, неуставната двојазичност и актуелните дебати за промена на името, конечно се појави пред јавноста и на некој начин, повеќе потсвесно отколку свесно, раскажа зошто ја напуштила коалицијата со ВМРО ДПМНЕ“.

Најнови вести

Локални избори 2021